Цртежот “L’Homme au Gibus” од Пабло Пикасо, кој бил проценет на милион долари, вчера бил продаден на еден Американец за само 100 евра. Тој оваа слика ја купил преку Интернет на хуманитарната лотарија која била наменета за спасување на древниот град Тир кој се наоѓа во денешен Либан.
Победничкото ливче на момечето со број 747815 го извлекол компјутерскиот систем во средата и бил еден од 50-те илјади билети за продажба на делото по цена од 100 евра. Организаторите велат дека во лотаријата учествувале луѓе од Франција, Германија, Ирак, Киргистан и голем број Американци.
Асоцијацијата „Спасете го Тир“ го купила „L’Homme au Gibus“ од една њујоршка галерија со помош на заем од банка. Организаторите велат дека делото го платиле помалку од милион долари, колку што го процениле експертите од аукциската куќа „Сотби“.