Вечерва, 19 септември, во галеријата на МКЦ, со почеток од 20 часот, ќе биде отворена втората самостојна изложба на цртежи од Кирчо Арсовски, фронтменот на култните Т.Б. Трачери…
Кирчо Арсовски во светот на шизофрениот поп-фолк кој го претставува преку повеќе од 300 цртежи.
„Сите работи настанаа како последица од гледање на филмовите на Дизни и Пет Саливен, од зјапање во кориците на старите палп романи, сликите на поп-артистите, старите стрипови од Забавник како и од неизбежните идиотски претстави што ни ги лансираат медиумите“, вели авторот.
Досега има изложувано неколку пати. Ова му е втора самостојна изложба.