Насловна / Архитектура / Плочки од вештачки гранит со дебелина од 20мм наместо бетонска подлога

Плочки од вештачки гранит со дебелина од 20мм наместо бетонска подлога

prime_stone_greige_strutt_20mm_45x90_900

Не  е случајно зашто во последно време кога треба да се реновира домот, или да се уреди екстериерот луѓето се почесто бараат совети од архитекти. Веќе одамна помина времето кога мислевме дека сами можеме се, и дека не ни треба стручна помош.
Технологијата оди брзо напред, секојдневно се случуваат иновации во светот на градежништвото и архитектурата, се создаваат новитети кои овозможуваат поголема енергетска ефикасност, заштита на животната средина, нови производи, поголема трајност на градежните материјали, нови технички можности.

new1
Според архитектот Ивана Костовска од салонот за керамика КераПро www.kerapro.mk никогаш порано не постоел толкав избор на градежни материјали како денес. Според нивото на квалитет, естетика, и според  нивната функционалност. Новите материјали се поцврсти, поквалитетни, поубави, овозможуваат многу повисок квалитет на домување. Добрите архитекти, секако, ги следат овие трендови, и ги користат според потребите и можностите вели тој.

Panaria_Buxtone_2_Cm_Warm_Anticata_60x60_ 015
Во оваа насока, сакаме да дадеме осврт на вештачкиот гранит (gres porcelain Full-body) материјал со дебелина од 20мм, нов производ кој го произведуваат реномираните брендови Panaria, Cottodeste, Lea Ceramiche присутни во Македонија преку салонот за керамика КераПро. Материјал кој издржува над 200 тони тежина, водоотпорен, огноотпорен а истовремено е декоративен и лесен за монтирање советува. Истиот може да се постави на тревна подлога или истампонирана површина, овозможува заштеда на време и нормално средства за изработка на бетонска подлога на која потоа треба да бидат поставени други типови на плочки. Со Panaria вештачкиот гранит се заштедува време за изведба, градежните работи се изведуваат за пократко време, а од визуелен аспект се добива естетика која неможе да се добие со употреба на други мaтеријали. Тоа е и причина зошто архитектите при уредување на екстериерот се повеќе го користат.

Испрати коментар

Scroll To Top