Насловна / Вести / Напредни технологии на системи за водоснабдување на старите цивилизации

Напредни технологии на системи за водоснабдување на старите цивилизации

Модерните системи за водоснабдување се изградени врз основа на концептите на старите иноватори. Во време кога сеуште многу населби немаат чиста вода за пиење, навистина се импресивни решенијата кои биле користени многу векови пред нас.

Nazca Puquios, Перу

Аквиферите биле единствениот извор на вода во текот на целата година во басенот Nazca  Перу во седмиот век. Подземните канали обезбедувале постојан доток на вода, со помош на солидно техничко знаење и вештини. Спиралниот дизајн на системот ја користи предноста на локалните ветрови за потискување на подземните води низ системот.

peru

Изгубениот град  Mohenjo – Daro, Пакистан

Во периодот од 2600 до 1900 година п.н.е, покрај користото на реката Инд се наоѓал прекрасниот град  Mohenjo – Daro.  Градот бил една од најглемите рани урбани населби, со градски јавни бањи, како и внатрешна водоводна инсталација кај многу жители. Софистицираниот подземен систем за канализација би врв на тој урбан развој и многу пред своето време.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Завојниот механизам на Архимед

Откриен од страна на Архимед во 3тиот век п.н.е, овој механизам овозможувал подигање на течности со различна вискозност на повисока точка погодна за користење.  Овој концепт се смета за претходница на пумпите.

zavoenn-sistem-na-arhimed

Римските аквадукти

Ниту една листа за историјата на водоснабдителните системи не би била комплетна бел Римските аквадукти. Сеуште пркосејќи му на времето, и после 2000 години тие се импресивни споменици на една империја која обезбедувала чиста вода до секој граѓанин.

rimski-akvadukt

Оризовите тераси во Филипини

Стари 2000 години, овие тераси ја прикажуваат ингениозноста на тогашното локално население. Со својата оптимална форма и диспозиција, терасите овозможувале одгледување на ориз, а со своето знаење за ерозијата и геологијата населението го одржувало нивото на водата преку користење на дождовницата.

orizovi-polinja-filipini

Испрати коментар

Scroll To Top