Дизајнирана од архитектите Оланд и Родс од „ОПА“ (Отворена платформа за архитектура), оваа униктна вила ќе се гради на стрмна карпа од брегот во Грција која ќе нуди спектакуларен поглед на Егејот.
Името на куќата односно вилата е „Каса брутелиус“ која во превод би била „Екстремна куќа“, но тоа пред се важи за дизајнот кој е навистина импресивен.Она што е интересно е што куќата ќе биде на некој начин „излеана“ во карпата, со што нема да привлекува внимание но сепак ќе биде една на светот.
Оние кои ќе имаат шанса да влезат, секако ќе бидат воодушевени. Наместо кровна конструкција, куќата или вилата ќе има стаклен кров во исто рамниште со хоризонталата на карпата (високиот гребен).
Интересно е што кровот всушност ќе биде базен кој ќе биде над целата куќа која ќе се простира во долниот дел на карпата.Низ водата од базенот ќе влегуваат и сончевите зраци кои ќе се провираат до дневната соба и другите простории под неа. Тука мислиме на спалната и кујната кои ќе бидат на различни нивоа.
Концептот ќе го реализираат „Грик Лаертис“ кои велат дека овој проект е бомбастичен и дека ќе иницира сосема нови можности во архитектурата на приморјето во Грција. Според нив, геометриските структури вкомпонирани со природата ќе не внесат во еден нов тип на градби, т.н камелеонски градби кои се симбиоза меѓу човекот и природата.како што кажуваат, иако вилата изгледа луксизно, во суштина таа има ефтин пристап и материјали. Се ќе биде направено со стакло, дрво и секако цемент. на крајот доаѓаат термоизолационите материјали кои ќе се вклопат во целата конструкција. Инспирацијата за куќата доаѓа од еден филм со Брижит Бардо од 1963 година насловен „Меприс“ каде атракција била т.н „Каса Малапарте“.
Секако, оваа новата, грчката е своевиден амбиент како од филмовите за Џејмс Бонд а со оглед на денешната архитектонска перфекција јасно е дека конструкцијата ќе биде изведена до последен детал.Каса брутале веќе внесува свежина во архитектурата. Се заговараат цела серија на вакви куќи посебно на монденските места, на бреговите на Франција, Португалија и Италија кои имаат високи клифови (сртовски брегови) со што се нуди можност за конструкција на куќи од кои погледот е впечатлив!
Драган Ристов