Насловна / Архитектура / Облакодери кои ја редуцираат сенката

Облакодери кои ја редуцираат сенката

kompjuterski-model

Меѓу најголемите недостатоци на облакодерите е константното блокирање на сончевата светлина во јавниот простор неподредно до нив, со што го влошуваат квалитетот на урбаното живеење. Сегашните облакодери формираат сенки кои на зајдисонце достигнуваат до половина милја. Компанијата  NBBJ работи на проект кој ќе овозможи минимизирање на сенката (до 60%) која ја генерираат облакодерите и повеќе природна светлина.

prikaz

Фокусот на проектот е „подобрување на квалитетот на урбаната средина и пронаоѓање начин за изградба на облакодери без да се изгуби природната светлина во непосредната околина“.

prikaz-render

Се работи всушност за проектирање на пар од облакодери кои се комплементани еден на друг со својата ориентација и форма, на начин што преку компјутерски симулации се бараат оптималните параметри кои ќе овозможат максимална природна светлина во просторот под зградите.

prikaz-render1

Се предлага облакодерите проектирани од оваа компанија да бидат изградени во Гринич во југоисточниот дел на Лондон.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top