Германската автомобилска компанија Фолксваген и кинеската Анхуех Џенгхуај автомобили, преговараат за заедничко производство на електрични автомобили во Кина. Двете компании, како што порачуваат од Фолксваген, потпишаа меморандум за разбирање во седиштето на германската компанија во Волфсбург, со цел да ги истражат можностите за основање на заедничка фирма фокусирана на истражување, развој, производство и продажба на „нови енергетски возила”.