Насловна / Архитектура / Светски награди за објекти во поширок контекст

Светски награди за објекти во поширок контекст

Како што пишувавме во минатиот број на „Порта 3“, Меѓународниот совет за високи згради и урбани средини – CTBUH (the Council on Tall Buildings and Urban Habitat) ги објави победниците и финалистите за наградите во различни категории. Оваа година беа номинирани вкупно 132 проекти. По пат на ригорозна селекција и оценување на проектите од страна на панел од експерти, одредени се победниците во пет категории. При оценувањето на номинациите, особено е ставен акцент на одржливоста, мешовитата функционалност, сеизмиката, модерните технологии, условите на комфор и сл.

Во истиот број ги објавивме добитниците на награди за највисока зграда по региони (Америка, Азија и Австралија, Европа, Среден Исток и Африка). Во овој број ги претставуваме наградените проекти за урбана средина, Десетгодишна награда,   награда за иновативност и награда за перформанси. Со овие награди се оддава признание на придонесот на објектите во поширок контектст. Се оценува интерференцијата меѓу објектот и опкружувањето, односно позитивното влијание на објектот врз околината и социјалната одржливост.

Награда за урбана средина

urban_habitat_wuhan_tiandi__wuhan__cshui_on_land

Wuhan Tiandi Site A, е пример за мастер план кој успеал да создаде дух на метропола во еден градски реон со години запуштен и заобиколуван.

wh

Лоциран во централното подрачје на Wuhan во Кина, ја остварува својата цел за компактна, одржлива заедница со многу зеленило и пешачки зони, елементи кои денес ретко се застапени во оваа земја.

 

7181267041_3bb4b33c36_c

Кулите се лоцирани на стратешки позиции во рамките на локацијата, со цел максимално расположлив панорамски поглед на реката Јангце.

Десетгодишна награда

img10

Оваа награда се доделува за достигнати вредности и перформански (преку широк опсег на критериуми) за подолг период на време. На овој начин се промовираат објекти долго време по нивната изградба, врз основа на веќе потврден успех преку одличните перформанси во нивната експлоатација.

Hearst Tower, завршена во 2006 година, воспоставува нов курс по однос на историска конзервација на постоечки градби, со оглед на тоа што е изградена врз темелите на објект од 1928 година.

img5

Во изминативе години, влијанието на оваа кула врз глобалната индустрија на високи згради станува повеќе од очигледно, а тоа не е само поради напредните зелени стратегии. Објектот троши 26% помалку енергија споредено со  конвенционалните згради, во изграбдата се заштедени 2.000 тони челик, со што придонесува за намалување на трошоците и емисијата на стакленички гасови.

maxresdefault

Но, овие постигнувања се само почеток. Од пуштањето на зградата во употреба до денес, имплементирани се многу нови енергетски ефикасни решенија, во склад со посветеноста на сопственикот за одржливост.

Награда за иновација

innovation_pinfuse_csom

Оваа награда е фокусирана на одредена посебна област на иновација во проектот, изградбата или пак експлоатацијата на објектот. Предметот на иновацијата може да се однесува на која било дисциплина, како на пример, конструкциони методи, урбано планирање, фасади, ентериери и сл.

Adobe Photoshop PDF

Pin-Fuse е специфично структурно решение создадено од Pin-Fuse Joints® и Pin-Fuse Frames™, кое е од извонредно значење за сеизмиката на објектот. Притоа мора да се нагласи дека овој елемент не гарантира дека градбата ќе мине неоштетена, но овозможува критичните структурни материјали да бидат поотпорни, со што санацијата на објектот ќе чини поевтино, а секако зајакнатата безбедност на градбата е на прво место меѓу придобивките.

 

Награда за перформанси

green-101

Со воведувањето на оваа награда, советот има намера да потенцира дека фокусот не треба да биде само на најдобриот дизајн, односно на најдобрите намери и идеи, туку многу повеќе на реалните перформанси на објектот во текот на експлоатацијата. Според тоа, оваа награда ги вреднува мерените перформанси на зградата во однос на животната средина, а првонаградена е онаа зграда со најнизок импакт врз животната средина.

taipei-101-mall-21

TAIPEI 101, уште во 2004 година кога е целосно завршена, имала извонредни перформанси, но во текот на кампањата за оптимирање и надградба на перформансите спроведувана во континуитет во наредните 10 години, објектот ги надмина сите дотогаш препознаени зелени стандарди во светот.

maxresdefault

Оваа програма и кампања за одржливост, не само што имплементира многу напредни решенија туку е концентрирана и на база на податоци за објектот, кои се успешно користени од страна на системот за управување со енергијата, а со крајна цел понатамошна оптимизација во работењето.

dsc_1165

Во оваа зграда се наоѓа најбрзиот лифт во светот.

 Даниела Младеновска

Испрати коментар

Scroll To Top