Бразилскиот уметник Едуардо Кобра во Рио де Жанеиро го насликал најголемиот мурал во светот. Неговиот мурал Etnias се протега на речиси три илјади квадратни метри, и покажува пет локални лица од пет континенти на Земјата. Овој единствен мурал го карактеризираат геометриски форми и живописни бои, а уметникот со нив сака да покаже како сите луѓе се обединети и поврзани, а тоа особено се покажа на Олимписките игри кои се одржаа во Рио де Жанеиро.
За реализација на Etnias, потрошени се околу 1.500 литри бои и 3.500 спреј лименки.