Насловна / Вести / Момче од Хрватска изумител на систем за чистење на океаните од пластичен отпад

Момче од Хрватска изумител на систем за чистење на океаните од пластичен отпад

PLASTIC-5

Со само 22 години стекна планетарна популарност а не е ниту спортист, ниту глумец или пејач. Се работи за Бојан Шлат, млад Холанѓанец со хрватско потекло кој е изумител на системот “Ocean Cleanup“ за чистење на океаните од пластичен отпад. Роден е во 1994 година во Холандија каде и денес живее со својата мајка, а неговиот татко е Хрват кој живее на Истра.

The-Ocean-Cleanup-Prototype

Неговиот проект е во фаза на тестирање, и доколку се покаже успешен, ова момче може да стане „спасител на морето од пластичниот отпад“. Во своето интервју за хрватскиот дневник „Jutarnji“, тој вели: „ Клучниот принцип е во тоа што системот ги користи природните океански струи за својата работа. Идејата е да се постават големи лебдечки бариери во океанот. Притоа, пластичниот отпад би се движел кон средиштето на бариерата каде би се собирал, а живиот свет во океаните непречено ќе се развива.“

Sistem mza cistenje na plastika

Бојан за прв пат ја претставил својата идеја во јавноста на TEDx конференцијата во неговиот роден град во 2012.  „Досега биле претставени многу идеи за чистење на океаните, но сите се базирале на принципот пловила со мрежи за зафаќање на пластиката. Би требало 79.000 години за чистење на океаните на тој начин. Со оваа моја идеја, чистењето може да се спроведе за 5 години.“ подвлекува младиот научник.

Bojan Slat

Иако запишал аеронаутика на Универзитетот во Делфт, Холандија, тој највеќе бил фокусиран на овој свој проект. Затоа, во 2013 ги напуштил студиите и создал истражувачки и развоен центар под името „Ocean Cleanup”.  Стартувал со 200 евра од својата заштеда, а потоа преку e-mail, се обратил на 300 компании со што собрал 10.000 евра за почеток на истражувањата.

great-pacific-garbage-patch

Подоцна се потпрел на  crowdfunding, па за само три месеци собрал 1,8 милиони долари.  Во 2014 година Бојан станува најмлад добитник на наградата за заштита на животната средина „The Champions of the Earth“, која ја доделуваат Обединетите Нации. Неодамна, во Делфт го претставил 1,5 милиони евра вредниот прототип на својата машина за чистење на океаните наменет за Северното Море.

На прашањето што го поттикнало да се занимава со наука и истражувања, тој вели: „Многу читав биографии на големите научници од минатото. Моите идоли се браќата Рајт кои го изработиле првиот авион, и Никола Тесла со кој на посебен начин се чувствувам поврзан поради своето потекло”.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top