Од 7 до 18 ноември годинава во Мароко, во градот Маракеш ќе се одржи 22. заседание на државите членки на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатските промени (COP22). Да потсетиме, во рамките на 21-то заседание кое е одржано минатата година во Париз, усвоен е нов глобален договор за климата кој треба да стапи на сила во 2020, но се уште не е ратификуван од страна на голем број земји меѓу кои се најголемите загадувачи во светот. Повеќе информации за оваа конференција може да најдете на следниот линк: http://unfccc.int/meetings/marrakech_nov_2016/meeting/9567.php