Насловна / Вести / Медалите за ЛОИ 2020 во Токио ќе бидат изработени од електронски отпад

Медалите за ЛОИ 2020 во Токио ќе бидат изработени од електронски отпад

olimpiski-igri-tokio-2020

Членовите на организациониот комитет на Олимписките игри во Токио 2020 веќе и предложија на Владата, олимписките медали да бидат изработени од благородни метали рециклирани од електронскиот отпад. Вообичаено, градовите кои се домаќини на ваквите настани добиваат благородни метали  од рударските компании, но  бидејќи на Јапонија и недостасуваат рударски ресурси, земјата одлучи да направи чекот напред. И не само поради недостатокот на ресурси, туку првенствено заради посветеноста за одржлив развој и високата еколошка свест, иновативноста е императив за секој поединец на ова општество.

olimpiski-igri-tokio-medali-od-recikl-materijal

Инаку, Меѓународниот Олимписки комитет веќе има развиено строги критериуми во врска со најголемиот спортски настан во светот, а истото важи и за начинот на изработка на медалите. На пример, на неодамна одржаните ЛОИ во Рио, златото за изработка на медалите е добиено без употреба на жива, а една третина од среброто и бронзата потекнува од рециклирани извори.  Отфрлената потрошувачка електроника, како паметните телефони и таблети, содржат одредени количини на благородни метали вклучувајќи платина, злато, сребро и сл.

olimpiski-igri-tokio-2020-taksi-bez-sofer

Уште отсега Јапонија ветува дека ЛОИ 2020 ќе биде и фестивал на високата технологија, 5G мрежи, автономни автомобили и сл.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top