Европската Унија го ограничи инвестирањето во енергетскиот сектор, односно во проектите базирани на јаглен. Ќе бидат дозволени само т.н „чисти“ технологии на јаглен, кои бараат и поголеми инвестициони трошоци. Производствената цена на електричната енергија од таквите капацитети се движи од 7 до 9 евроценти. Според зборовите на специјалниот советник на министерот за енергетика на Србија, до 2027 година земјата треба да затвори централи со вкупен капацитет од 1.095 MW.
Тој го потенцира значењето на обновливите извори на енергија, реверзибилните хидроцентрали, и секако новата генерација на термоцентрали. Србија веќе планира изграбда на две такви термоцентрали, од кои едната ќе биде лоцирана во Костолац.
Извор: elektroenergetika.info