Насловна / Вести / Еко акција за селективно фрлање на отпадот

Еко акција за селективно фрлање на отпадот

pakomak.jp
Нов систем за селективно фрлање отпад во угостителството е презентиран денеска, а кон акцијата досега се приклучија повеќе од 15 познати скопски кафулиња и ресторани кои ќе го дадат својот придонес кон општествено одговорното однесување и зачувувањето на животната средина и природните богатства на Скопје.

Системот го презентираше компанијата „Пакомак“, која соопшти дека кафулињата и рестораните ќе бидат директно вклучени во проектот со тоа што во нив ќе има три различни корпи со ознаки за стакло, пластика и хартија.

Персоналот во овие објекти, како што се наведува, ќе мора да се придржува до ова правило, а она што ќе треба да се направи е доста едноставно – по употребата, ќе треба да се фрлат амбалажите од пијалоците во корпата наменета за таков тип на амбалажа. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top