Опкружено со карпеста површина на брегот во градот Берген, Норвешкото економско училиште опфаќа локација целосно затскриено во природниот пејзаж. Поставените рестрикции за изградба на објектот наложиле волуменот да се одликува со максимална компактност и што помала висина, со цел визуелно да се избегне неговата доминација како изградена структура во однос пејзажот и непречените природни визури.
За фасадната обработка се применети стаклени површини поставени ритмично, со цел да ја рефлектираат зелената вегетација и како сликарско платно да потенцираат одредени детали од опкружувањето.
Следејќи компактна и логична организација при дефинирањето на архитектонската основа, инкорпориран е живописен колорит и геометриски елементи од ентериерното уредување. Јадрото на објектот го дефинираат пространи холови околу кои се развиваат предавални, ориентирани кон осончаните страни, истовремено обезбедувајќи разноврсност на визури. Целокупниот проект е реализиран во соработка со градежната компанија Sweco Engineers и студиото за пејзажна архитектура Smedsvig Landskapsarkitekter, со максимален фокус посветен на обезбедување на флексибилноста и пронаоѓање на енвиронменталистичките солуции.