Олимпискот парк Бара претставува комплекс од девет спортски зданија во Бара да Тижука, во западниот дел од Рио де Жанеиро, кои се користат за одржување на натпреварите на Летните олимписки игри 2016 и Летните параолимписки игри 2016. На местото на овој олимписки парк се наоѓал некогашниот автодром „Нелсон Пике“, познат и како „Жакарепагуа“.
Меѓу деветте зданија што се користат во олимпискиот парк се наоѓа и комплексот „Кариока“ составен од „Кариока Арена 1“ за кошарка (со капацитет од 16.000 седишта), „Кариока Арена 2“ за борење и џудо (со капацитет од 10.000 седишта) и „Кариока Арена 3“ за мечување и теквондо (со капацитет од 10.000 седишта).
„Кариока Арена 1“ е новиот дом на кошарка. Изграден специјално за ЛОИ 2016, овој мултинаменски објект се протега на повеќе од 38.000 квадратни метри. По Игрите, ќе биде дел од Олимпискиот тренинг центар, наменет за 12 различни спортови.
„Кариока Арена 2“ по Олимписките игри, ќе стане постојан Центар за различни спортски активности, додека „Кариока Арена 3“ ќе стане специјално спортско училиште со капацитет за 850 студенти.