Насловна / Вести / На работниците во Северна Кореја им даваат дрога за да градат побрзо!!

На работниците во Северна Кореја им даваат дрога за да градат побрзо!!

Алармантни информации доаѓаат од Пјонгјанг, каде што работодавачите на своите мајстори и работници отворено им даваат метамфетамин.

Според известувањето на Radio Free Asia, во Северна Кореја на работниците им се дава метамфетамин, исто така познат како кристал мет, за да тие побрзо работат на изградбата на облакодери во Пјонгјанг.

Притиснати со рокови и тешки услови за работа на отворено, им го нудат на работниците овој тип на синтетичка дрога за да се забрзат изградбите.пјонгјанг

Кристал мет има психоактивни ефект, ја забрзува работата на телото и го држи будно. Оваа супстанца инаку е позната како „дрога на сиромашните“. Остава ужасни последици на организмот: и од физичка и од психолошка природа. Ако се употребува долго време, значително ги зголемува шансите за срцев удар, оштетување на мозокот и психоза.

На изградбата на облакодери во Пјонгјанг работат на илјадници луѓе, а гласините за дрога почнале да кружат после графитот што се појавил на градилиште на кој пишувало „Брзината на Пјонгјанг е брзината на дрогата“.

Северна Кореја соопшти дека во 2015 година влезе во „Златното доба на градење“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top