Керчкиот мост е веројатно најголемиот инфраструктурен проект преземен од страна на руските власти во последната деценија. Мостот е проектиран да го олесни патувањето помеѓу копнениот дел на Русија и Кримскиот полуостров.
Се работи за мост наменет за патен и железнички сообраќај со широчина од 60 метри, и вкупна должина од 19 km изведен во три сегменти. Изградбата на мостот започнала во мај 2015, а се очекува да заврши во декември 2018.
Интересно е дека идејата за вакво поврзување постоела од многу одамна. Архитектот на Хитлер, Шпеер во 1943 година му предложил на својот фирер изградба на мост со цел побрзо напредување на германската инвазија кон Северен Кавказ, област стратешка поради изворите на нафта. Хитлер наредил да се изгради мост за 6 месеци, но во текот на изградбата фашистите биле под постојани напади од страна на руските сили, па брзо се откажале.