Архитектонското студио „Hayhurst and Co“ од Лондон, изгради дом и студио за своето водечко дизајнерско дуо (Whitaker и Malem), со навистина несекојдневен дизајн. Куќата поседува скалест покрив кој претставува градина со над 800 билки.
Објектот наречен „Градинарска улица“ има два ката, и е една од 20-те куќи кои ќе се натпреваруваат за овогодишната RIBA (The Royal Institute of British Architects) награда за куќа на годината.
Дизајнерите кои се познати по својата работа на филмска костимографија, вклучувајќи ги и филмовите како “The Dark Knight” и продолженијата на Хари Потер, на ова место во деведесеттите години направиле еднокатна работилница, која сега е заменета со новата структура.
На страните од објектот се наоѓаат други куќи, па затоа прозорците се поставени на покривот заради обезбедување повеќе природна светлина во внатрешноста. На приземјето е сместен резиденцијалниот простор.
Оваа куќа е најновиот во серијата проекти кои истражуваат нови форми за традиционална градина на покрив.