Насловна / Архитектура / Станбен комплекс “Stoerpiet” од архитектонското студио Link Arkitektur

Станбен комплекс “Stoerpiet” од архитектонското студио Link Arkitektur

Stoerpiet Complex (5)
Stoerpiet
, претставува проект за станбено домување, сместен во развојната индустриска зона на пристаништето Damsgårdsundet во Берген, Норвешка, изведен драстично да надвиснува над напуштена фабрика за железо. Додека 45 катните резиденцијални волумени во областа ја дефинираат првата фаза за подобрување на економијата и станбените услови во градот, комплексот Stoerpiet се наоѓа во центарот на развојниот дистрикт, апстрахирајќи го карактеристичниот тектонски израз на објектите од 19 век. Архитектонската јукстапозиција се манифестира преку два визуелно лесни волумени кои како монументални греди конзолно се испуштаат над старата, тешка ѕидана структура на фабриката.
Stoerpiet Complex (4)
Stoerpiet Complex (3)
Позиционирањето на прозорските отвори е детерминирано од техничкиот конструктивен систем на двата волумени, исполнувајќи ја фасадната обвивка со ритам од перфорации, кој дополнително се пресликува во потпорниот конструктивен систем на хоризонталната маса.
Stoerpiet Complex (1)
Како целина, комплексот Stoerpiet дефинира архитектура на воздржана и извонредна експресија, применувајќи ги текстонските можности на локацијата и конструктивниот систем за да креира импозантна појава во пејзажот.
Stoerpiet Complex (2)

Испрати коментар

Scroll To Top