Стадионот „Самбадром“ во Рио де Жанеиро, за време на ЛОИ 2016 e местото каде што се одржуваат спортските натпревари во стрелање со лак, лесна атлетика, како и стартот и финишот на олимписката маратонска трка.
Овој објект е фокусна точка на Бразил кога се работи за спектаклот Samba School’s parades, најголемиот карневал во светот, кој се одржува секоја година во зима.
Стадионот е изграден во 1984 година.
Дизајниран од легендарниот бразилски архитект Оскар Нимаер, а лоциран на Marques de Sapucai Street, објектот „Самбадром“ бил изграден за време на првата влада на Леонел Бризола (1983 – 1987), со намера на Рио да му обезбеди урбан објект кој ќе служи како постојана локација на традиционалниот спектакл посветен на самбата.
Инаугуриран во 1984 година, официјалното име на „Самбадром“ е Catwalk Professor Darcy Ribeiro (1922 – 1997), од почит кон познатиот бразилски антрополог, писател, едукатор, професор, политичар, поранешен министер и заменик-гувернер на државата Рио де Жанеиро за време на изградбата.
Во рамките на подготовките на постојано растечкиот годишен карневал и на актуелните ЛОИ 2016, „Самбадром“ бил подложен на реконструкција за да се прошири капацитетот на арената од 60.000 на 90.000 места за седење. Седиштата на бетонскиот стадион се поделени во посебни сектори, нудејќи различни аранжмани и погодности за седење, во однос на 700-метри долгата и 13-метри широка Parading Avenue. На крајот на оваа „модна писта“ се наоѓа грандиозна арка Parabolic Arch, лоцирана на Apotheosis Square, под која е сместен Museum of Samba.
Реновирањето започнало на почетокот на 2011 година и речиси 600 работници работеле 24-часовна смена, а завршило во февруари 2012 година. Со цел да се зголеми бројот на седишта, била срушена поранешна фабрика за пиво.
Цртежи и скици од Оскар Нимајер
За време на реконструкцијата на „Самбадром“ во 2012 година
Славниот архитект Оскар Нимаер, кој почина на 104 годишна возрат