Насловна / Градежништво / Фабриката „Карпош“ прослави 65 години од своето постоење

Фабриката „Карпош“ прослави 65 години од своето постоење

bekaton-plocki-za-niskogradba-1
Градежната компанија во Македонија фабрика „Карпош“ АД Скопје прослави 65 години од своето постоење. По трансформацијата од мала работилница со скромен производен потенцијал, денес е водечка компанија за производство и монтажа на префабрикувани елементи од бетон.

Основана е во далечната 1948 година, во населбата Ѓорче Петров, Скопје. На почетокот се занимаваше со производство на бетонски префабрикати за забрзана изградба на разрушената земја по Втората светска војна.

Следниот развој на фабриката е по катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963 година, кога заради потребата од изградба на голем број станови се започна со изградба на монтажни крупнопанелни згради со приземје, четири ката и потпокрив / П+4+Пк /.

Погонот за производство на монтажни крупнопанелни згради, проектирање и технологија е добиен со помош на Владата на Русија (поранешен СССР) за разрушеното Скопје.

Фабрика „Карпош“ и денес важи за водечки производител на бетонски и армиранобетонски префабрикувани елементи за градежната индустрија,како што се бетонски столбови за далеководи, префабрикувани елементи за високоградба, бетонски прагови за железница како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачкка, како и комплетна испорака и монтажа на истите.

Исто така, фабрика „Карпош“ е производител на елементи за урбана опрема за партерно уредување, тротоари, паркинзи, монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Дополнително дејноста ја проширува на проектирање и производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупно панелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, трафостаници, армирано бетонски цевки и други производи од бетон.
visokogradba-olympia-motors-objekt-6
Фабриката во последниот период со набавка на градежна опрема и механизација ја прошири својата дејност во делот на изградба на објекти од нискоградбата, а пред се во делот на припремата и асфалтирањето на улици и патишта.

Развојот на фабрика „Карпош“ се должи на три основни принципи: специјализирани производи, постојана модернизација и усвојување на нови технологии и квалитетни истражувања. Фабрика „Карпош“ денес брои повеќе од 200 вработени.

Фабриката „Карпош“ во последните пет години континуирано го проширува својот асортиман на производи од бетон и од армиран бетон за градежништвото, постепено подобрувајќи ги производите благодарение на своите стручни кадри, усвојувањето на нови современи технологии на производство и соработката со Градежниот факултет и со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Испрати коментар

Scroll To Top