Насловна / Вести / Бугарија добива 29,9 милиони евра од Европа за изградба на нов далековод

Бугарија добива 29,9 милиони евра од Европа за изградба на нов далековод

Dalnovod Dobrudza-Burgas

Европската комисија(ЕК) додели 29,9 милиони евра за изградба на нов 400 kV далековод со должина од 140 километри меѓу Добруџа и Бургас во Бугарија. „Поддршката што ЕУ и ја пружа на Бугарија ќе придонесе кон јакнење на безбедноста на снабдувањето со електрична енергија, вклучување на енергијата од обновливите извори во пазарот на електрична енергија и ќе ги зајакне перформансите на  идната берза на електрична енергија со оглед на очекуваното производство на ветроелектраните во Грција и фотоволтаичните системи во јужна Бугарија“, порачуваат од ЕК.

Dalnovod ilustracija

Од Брисел истакнуваат дека со овие проекти ќе се обезбеди голема полза за најмалку две држави членки на ЕУ, ќе се зголеми сигурноста во снабдувањето, ќе се придонесе за интеграција на пазарот и понатамошен развој на конкуренцијата, но ќе се придонесе и во намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top