Австриската компанија која дава услуги во областа на недвижности m2 Group доби градежна дозвола за изградба на шопинг центарот Supernova Zagreb. Шопинг центarot се наоѓа на 10 минути от центарот на градот, во непосредна близина до јужната обиколница хрватскиот главен град и една од главните крстосници на патот кон аеродромот.
Градителот, според EuProperti, вели дека комплексот разместен на
површина од 110.000 квадратни метри, ќе биде најмодерен и енергетски
најефикасен мол во Хрватска. Вкупните трошоци за проектот ќе бидат над
250 милиони евра.
Директотрот на Супернова, Гргур Јолиќ вели дека градежните работи ќе почнат веднаш, а отварањето на молот би било есента 2011 година. Во комплексот ќе има 200 продавници сместени на површина од 80.000 квадратни метри, од кои 70 проценти веќе се издадени и паркинг за 3.600 возила. Меѓу најголемите изнајмувачи на простор се хипермаркетите Inter Spar, Peek & Cloppenburg, дрогериитеMüller, продавниците за електроапарати Elipso, за чевли Humanic, и компанијата Esprit. Освен тоа предвидена е зона за забава и користење на слободното време со кино, куглана, казино и ресторани. Во втората фаза проектантот предвидува изградба на хотел на површина од 30.000 квадратни метри.