Рио де Жанеиро е град со живописна панорама и извонредни звуци. Овој град е втор по населеност во Бразил и претставува дом на многу народи и култури. Различноста е пресликана и во архитектурата на градот и тоа од историските градби во европски дух пренесен од колонизаторите, па се до вистинските бисери на модерната архитектура. Од друга страна пак, комбинацијата од нерамниот терен со прекрасни пејзажи и океанот, се вечна инспирација за создавање на архитектонски ремек-дела. Во текот на подготовките за ЛОИ 2016, градот беше едно огромно творечко студио за светски познати архитектонски имиња, како на пример Сантјаго Калатрава, а со цел нов импулс на градот заедно со постоечките ремек-дела во Рио, на архитекти како што е Оскар Нимаер. Но за жал, настрана од оваа „класа А“ архитектура, градот Рио е дом на илјадници граѓани кои живеат во субстандардни услови, односно во познатите т.н. фавели. Во галеријата погледајте го придонесот на меѓународниот архитектонски тим во предвечерјето на ЛОИ, како и некои од примероците на модерната архитектура на 20 век во Рио.
Меѓународни архитекти
Museum of Tomorrow/Santiago Calatrava (Музеј на утрешнината)
Објектот, кој е завршен неодамна, го носи препознатливиот потпис на овој реномиран архитект и претставува икона на модернизацијата на заливот во Рио.
Се работи за голем културен комплекс, минијатурен град на уметноста, кој служи за различни уметнички перформанси и изложби, но првенствено како седиште на Бразилската филхармонија.
Модернизам на 20 век
Niteroi Contemporary Art Museum – MAC / Oscar Niemeyer (Музеј на современата уметност)
Metropolitan Cathedral of Saint Sebastian / Edgar Fonceca
Често именувана и како Новата катедрала на Рио, иконично обликуваната структура инкорпорира елементи од традицијата и културата на Маите.
Ministry of Education and Health Building / Lucio Costa (Зградата на Министерството за образование и здравство)
Се работи за можеби најрепрезентативниот белег на модернизмот во Бразил, со импресивна градина на покривот, а зад овој проект освен авторот стои цел тим од петмина млади архитекти меѓу кои и Oscar Niemeyer . Овој тим е координиран и потпомаган од славниот Le Corbusier.
Parque Eduardo Guinle/ Lucio Costa
Во 1943 година, Lucio Costa го трансформира овој простор со изградба на 6 резиденцијални згради – кули. Ова е првиот примерок на модерната архитектура во Бразил.