Ако не ви се допаѓаат гужвите и долгите редици, а сакате одблизу да ги видите монументалните фрески на Микеланџело од Сикстинската капела, тогаш оваа есен, секако, тргнете кон Виена. Таму, од 1 септември од 4 декември, во виенска Votivkirche може да ги погледнете висококвалитетните реплики на овие чудесни фрески.
Изложените 34 фрески се речиси иста големина како и оригиналните тавански дела на големиот италијански мајстор во Сикстинската капела, создадени од 1508 до 1512 година.
Бидејќи виенската Votivkirche е двапати поголема од Сикстинската капела, фреските ќе бидат изложени многу пониско од оригиналните, односно во висина на очите, и затоа посетителите на изложбата ќе имаат можност поблиску да ги погледнат отколку оние во Рим.
Како основа за репликите послужиле фотографиите на австрискиот уметник Ерих Лесинг, а благодарение на широко подготвителните работи на организаторите на изложбата, тие успеале во беспрекорната интеграција на делата на Микеланџело во сакралното опкружување на виенската Votivkirche.