Заинтересираните лица со посебни потреби може да се пријават за повластено користење на услугите на јавниот превоз најдоцна до 16 јануари, велат од Град Скопје.
Право на легитимации за повластен автобуски превоз имаат лицата со оштетен вид, слух, со телесно оштетување, со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди.
Барањата треба да ги поднесат до соодветните здруженија во кои членуваат, а оттаму, конечниот список треба да се достави до Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Град Скопје.