Насловна / Вести / Отворањето на ЛОИ 2016 во знакот на заштитата на животната средина

Отворањето на ЛОИ 2016 во знакот на заштитата на животната средина

Olimpijada Rio 2016 otv.

Можеби ќе звучи претенциозно, но спектаклот по повод отворањето на ЛОИ 2016 во Рио, го потенцираше значењето на грижата за животната средина не само како значаен дел од програмата туку и како нејзин основен концепт. Самиот настан оценет од многумина како далеку поскромен во споредба со изминатите Олимпијади, сепак  прикажа многу повеќе, односно направи приказна со длабока порака. Се разбира, кој би го сторил тоа ако не Бразил, домаќинот на Амазон – белите дробови на планетата.

Olimpijada Rio 2016 otv4

Освен она што беше директна порака на екраните, некои нешта значајни за приказната за екологијата и одржливоста останаа на маргините или недоволно објаснети. Имено, пред влезот на стадионот на секој спортист му беше дадено семе од автохтон посебен вид дрво од Бразил, 207 различни видови – за секоја земја по еден вид.  Пред државното знаме на секоја земја во дефилето, чекореше детенце со дрвце од конкретниот вид посадено во саксија. По завршетокот на дефилето, овие дрвца беа посадени, со што секој учесник на Олимпијадата остави свој белег. Ова е прв пример од ваков вид, односно непосреден ангажман и белег на спортистите учесници на Олипмијадите.

Opening Ceremony Rio 2016 Olympic Games

И конечно, не случајно беше и појавувањето на преубавата Бразилка Жизел Бундшен, која продефилира на звуците од легендарната „Девојка од Ипанема“. Веројатно, малкумина знаат дека познатата манекенка е амбасадор на Обединетите нации за заштита на животната средина и живее во куќа изградена од одржливи материјали со прекрасна градина, обновливи извори на енергија како и систем за собирање на дождовницата.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top