Насловна / Дневни Вести / Пешевски: Коридорот 10 треба да биде завршен крајот на 2013-та година

Пешевски: Коридорот 10 треба да биде завршен крајот на 2013-та година

http://www.politika.rs:8080/uploads/rubrike/51621/i/2/koridor-10a.gifСкопје – Изградбата на Коридорот 10 е од витално значење за економијата на Македонија и на Србија, рекоа по денешната средба во Скопје српскиот министер за економија и регионален развој, Млаѓан Динкиќ и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Динкиќ рече дека работите на коридорот се започнати во Војводина и ќе
бидат комплетирани до 2011-та година, додека делот од Лесковац до
македонската граница ќе биде завршен до 2012 година. „Комплетирањето на
коридорот 10 и во Србија и во Македонија, нема да има значење само за
развојот на сообраќајот, туку и за развој на индустријата и доаѓањето
на странските инвеститори во нашите земји“, рече Динкиќ.

 

Од македонска
страна, вицепремиерот Пешевски рече дека во моментов се работи на
комплетирање на финансиската конструкција. „Ако успееме целосно да го
завршиме финансирањето оваа година, мислам дека до крајот на 2013-та
година треба да биде завршен“, рече Пешевски. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top