Инспирирана од урбаниот ескапизам, новата линија на Versace Home 2016 донесува исклучителни парчиња на мебел и додатоци за домовите, во кои преовладуваат „диви принтови“ од леопарди и зебри, нагласени со свила и кожа.
Во колекцијата со име Vasmara, кога станува збор за материјалите, вклучено е фино дрво во комбинација со живописни бои како што се виолетови, портокалови, кафени и неутрални нијанси.
Во колекцијата најмногу се издвојува софата во кожа во ivory тон, чии потпирачи за раце се украсени со зебрени карактеристики. Тука се и Statement комода, декоративни перници, табуретка, маса, столици…