Насловна / Вести / Скопската обиколница затворена за сообраќај, зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градовите

Скопската обиколница затворена за сообраќај, зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градовите

Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, од сабота во прекин е сообраќајот по обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистување на истата.обиколница

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Со оглед на врнежите од дожд, препорачуваме исклучително внимателно возење и одржување на неопходното растојание помеѓу возилата. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Испрати коментар

Scroll To Top