Украинските власти неодамна го претставија планот за новата намена на зоната околу нуклеарната централа во Чернобил. Според тој план, зоната околу Чернобил би се трансформирала во огромна соларна централа кој би имала капацитет да произведе една третина од енергијата на нуклеарката во своите најдобри денови.
Украинската Влада веќе го презентирала проектот на неколку банки, а британскиот Guardian јавува дека покрај солаrната централа со инсталирана моќност од 1000 MW, планирана е и изградба на когенерациска централа на биогас со моќност од 400 MW. Во моментот, т.н “забранета зона“ околу Чернобил опфаќа област со површина над 1000 km2, во која е забранет секој вид на земјоделска активност и домување.