Во Кина е изграден нов мост од стакло „Небесна авенија“ на планината Тианмен околу карпа, а на секои 100 метри одење посетителите ги очекува завој, што е фантастична можност за фотографирање.
Мостот е отворен за посетителите во понеделник, а изграден е во рамките на Националниот парк Жангцјацие.
Мостот е направен од издржливо стакло кое на посетителите им пружа впечаток дека одат по небо. Широк е 1,6 метри, а преку целата должина има 99 завои и наликува на огромна змија.
Голем број од тиуристите кои прошетале по овој необичен мост и се обиделе да уживаа во погледот на планинските предели, оделе внимателно избегнувајќи да застанат на стаклото и се држеле на цврстите делови од мостот и карпата.
Сепак имало и такви кои позирале во лежечка и седечка положба, што претставува глетка како да лебдат во воздух.
Ова е трет ваков објект од овој тип во рамите на Националниот парк.
Кога е отворен првиот најдолг мост од стакло во светот, Кинезите ги повикаа граѓаните да дојдат и да гледаат демонстрација со обиди за кршење на стаклото со удирање со чекан или со поминување на автомобил.