Во историскиот центар на полскиот град Лублин, недалеку од локалната пивница, изградена е нова пивница Perłowa Beerhouse, според проект на полската фирма Project Praga. Она што го прави специфичен овој шанк е неговата вкупна должина од 30 метри, кој доминира во просторот! Околу него може да се сместат повеќе од 60 лица и да уживаат во доброто пиво.
На таванот е поставено огледало, па пивницата делува два пати повисока отколку што навистина е.
Во дизајнот на ентериерот на овој локал, архитектите користеле различни материјали за да се создаде хармонично опкружување. Плочата на шанкот е направена од цинк, додека конструкцијата е од челик и потсетува на оние од локалните пивници.
Ладниот бетонски под е во комбинација со даски од дабово дрво кои го „обликуваат“ ентериерот на барот.
Висечките елементи над шанкот се исполнети со кафеави пивски шишиња и стаклени кригли, осветлени со неонско светло, при што креираат убав светлечки ефект.