Општина Карпош почна со реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „1010“ во населба Козле.
Станува збор за инвестиција вредна повеќе од 2,5 милиони денари, со која ќе се изврши целосна реконструкција на мрежата на повеќе од 250 метри долж оваа улица.
„На ова место, жителите од овој дел на Карпош, постојано имаа проблеми со водоснабдувањето и поради преоптовареност и дотраеност на мрежата, им прскаа цевките и тие остануваа без вода. За таа цел, локалната власт пристапи кон замена на постојната водоводна мрежа при што цевките со пречник фи-40 се заменуваат со двојно поголеми – фи-80. Изградбата и поставувањето на сите приклучоци се на товар на буџетот на општина Карпош, а по целосната реконструкција на водоводната мрежа, општината ќе ја реконструира и асфалтира и улицата 1010″, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.