Новото живеалиште за шимпанзо во зоолошката градина во Скопје ќе чини 232 000 евра. Вредноста на договорот е за 35.000 евра повисока од проценетата вредност, односно од парите што Зоолошка градина планирана да ги потроши за оваа намена.
Живеалиштето ќе го гради тетовската градежна фирма „Квалитет Бетонида“, која има рок од 7 месеци да заврши со градежните активности.
Од Зоолошка градина не даваат повеќе информации, а во изјава за 24 вести само велат дека договорот е склучен пред неколку дена и дека дополнително ќе се координираат со Град Скопје кога и како да и ја соопштат на јавноста оваа информација, се со цел градоначалникот преку медиумите да го промовира овој проект како нова атракција.