Постојат големи шанси пловечкиот терминал за течен природен гас (ТПГ) на Крк, да биде регионален стратешки проект корисен не само за Хрватска туку и за другите земји, изјави претседателот на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ. Таа додава дека „Европската комисија има разбирање за овој проект, но на европската бирократија и треба време за одредени формалности“, истакнувајќи притоа дека „подобра е идејата за пловечки (off-shore) терминал наместо првичниот концепт за стационарен терминал“.