Насловна / Дневни Вести / Разликите меѓу сиромашните и богатите земји го попречуваат напредокот на преговорите за климатските промени

Разликите меѓу сиромашните и богатите земји го попречуваат напредокот на преговорите за климатските промени

green-technology.jpgБон – Претставници на 185 држави учествуваат на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени, која почна денеска во германскиот град Бон, а која ќе трае до 11 јуни.


Ова е најголемата меѓународна средба за климатски промени по Конференцијата во Копенхаген, која се одржа во декември 2009 година и на која делегатите не успеаја да постигнат спогодба за преземање силни мерки за борба против климатските промени.

На почетокот на конференцијата треба да биде одредена рамка за дискусиите кои ќе се водат на самитот во Канкун, во Мексико, во ноември.


Според планот на организаторите на Конференцијата во Бон предвидено е да се разгледаат клучните прашања за постигнување спогодба за префрлање на „зелените“ технологии во земјите во развој, со надеж дека ќе биде избегнат застојот, кој се случи при преговорите во Копенхаген.


Неколку држави најавија дека не можат да дадат зелено светло за официјални преговори по новиот текст, кој беше објавен во средината на овој месец и кој предвидува повеќе мерки за борба против климатските промени.


На самиот почетокот на конференција повторно се појавија разлики меѓу сиромашните и богатите земји, откако неколку земји од Латинска Америка соопштија дека не можат да почнат преговори по новиот документ.


Според САД новиот текст не е разработен како основа за идните преговори, а Јужна Африка нагласи дека документот предвидува многу големи ограничувања за земјите во развој. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top