Насловна / Вести / Сериозно обезвреднување на енергетските капацитети во Република Српска

Сериозно обезвреднување на енергетските капацитети во Република Српска

Elektroprivreda RSrpska

Големите загуби во работењето и вдомувањето на партиски кадри веќе го зема данокот низ капацитетите на „Електропривреда” на Република Српска. Рудникот и темоцентралата „Гацко“, во 2007 година врз основа на вредноста на акциите вределе 927 милиони KM, додека сегашната пазарна вредност е само 9,8 милиони КМ. Според податоците на берзата во Бања Лука, вредноста на акциите на сите енергетски капацитети е на историски најниско ниво.

Elektrana Gacko

Според финансиските извештаи за минатат година, РиТЕ „Гацко“ покажал загуба од 21,6 милиони КМ, а РиТЕ „Угљевик“ загуба од 18,2 милиони КМ.  Покрај тоа, во РиТЕ „Угљевик“ се уште е нејасна ситуацијата и правните последици во врска со нетранспарентниот договор со Русија за проектот „Угљевик 3“.  „Разбирливо е дека  сите кои имаат акции во оваа компанија не гледаат перспектива и немаат доверба дека „Електропривреда РС“ може добро да функционира“, вели Зоран Павловиќ, економски аналитичар.

Elektrana Ugljevik

„Енергетските капацитети во состав на „Електропривреда РС“ се претворија во социјални установи во кои се вработени огромен број работници. Најголемиот проблем е што секој гледа некаква прилика за лична корист, а не како да придонесе за компанијата. Раководителите се луѓе кои се партиски подобни, а не се докажани професионалци. Напредок може да донесат исклучиво стручни луѓе, кои се политички независни и имаат визија“ заклучува Павловиќ.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top