Пет летниковци, трим-патеки, две детски игралишта, игралиште за кошарка и за фудбал се само дел од содржините во новиот парк во Ново Лисиче во близина на последната автобуска станица број „5“. Паркот се протега на површина од околу 100.000 квадратни метри (околу 90.000 квадрати зелена површина) и е вториот најголем парк во Скопје, по Градскиот парк.
Во новиот парк се поставени околу 150 канделабри за кои Општината издвои околу 9 милиони денари.
Во новоотворениот парк, етапно ќе се уредат и цветни површини, а наесен ќе се засадат и садници. Зеленилото ќе се одржува со околу 270 прскалки и вода која ќе се користи од двата ископани бунари.
На терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.