Авионите не мора да бидат само превозни средства, туку можат да бидат и летечки уметнички дела. Погледајте ги овие авиони, чии сопственици вложиле посебен труд со цел тие и однадвор да изгледаат привлечно. Додека авионите крстарат по небесните пространства. нивната надворешност не само што ја претставува компанијата, туку и државата од која доаѓаат. Меѓу другото и визуелно привлечниот авион е огледало на авиокомпанијата. Авионите на овие 15 компании се најдобар доказ за тоа:
1. Air Malta: Националната авиокомпанија на оваа мала медитеранска земја неодамна го трансформираше својот визуелен идентитет. Малтешкиот крст се наоѓа на опашот и на крилата на авионот на оваа компанија.
2. China Southern Airlines: Се работи за најголемиот кинески авиопревозник, а елегантниот екстериер на оваа компанија се состои од комбинација на неколку нијанси на сина боја со црвен цвет на опашката, симбол на градот Guangzhou каде се наоѓа седиштето на компанијата.
3. Asiana: Овој јужнокорејски авиопревозник тврди дека боите кои се наоѓаат на нивните авиони претствуваат „пупки“ во цвет.
4. Arik Air: Нигериската авиокомпанија корсити едноставна комбинација од бордо и сина боја. Од компанијата истакнуваат дека овие бои имаат смирувачки ефект.
5. Skyteam: Иако зад Skyteam стои здружение на повеќе авиопревозници, сиво сината комбинација на нивните авиони е една од најубавите во воздухот.
6. British Airways: Британците не би биле тоа што се доколку не го истакнат своето знаме. Таков е случајот и со авионите на British Airways, чија опашка е украсена со британското знаме.
7. Swiss International Airlines: Едноставна црвено -бела комбинација, но многу елегантна и пријатна за око.
8. American Airlines: Исто како нивните колеги од British Airways, и од American Airlines одлучиле своите авиони да ги украсат со националното знаме.
9. Hainan Airlines: Најголемиот приватен кинески авиопревозник одлучил неговите авиони да потсетуваат на кинеската култура и традиција. За кинезите црвената боја претставува радост и среќа, додека златната боја асоцира на времето на кинеските царски династии.
10. Kulula: Овој јужноафрикански нискобуџетен авиопревозник познат е по интересните визуелни решенија. Според многумина, нивниот најдобар дизајн досега е т.н Flying 101, кој на сите кои се заинтересирани им укажува на одредени делови на еден патнички авион.
11. Fiji Airways: Националниот авиопревозник на Фиџи, одлучил со племенски орнаменти на опашката од своите авиони да пренесе дел од богатата традиција на оваа мала островска нација.
12. Virgin Atlantic Airways: Како и сите други производи на групацијата Kao i svi drugi proizvodi Virgin, и нејзините авиони го носат потписот на основачот и сопственикот Richard Branson.
13. Air Seychelles: Веројатно малкумина знаат дека и Сејшели има свој национален авиопревозник, а уште помалку им е познато дека нивната флота е украсена со прекрасни бои.
14. Hawaaian Airlines: И по повеќе од 40 години од основањето на компанијата, т.н „небесен цвет“ сеуште е еден од најубавите и најпрепознатливите логотипи кои крстарат по небесните пространства.
15. Air New Zeland: Со својот сино-бел дизајн и цветот нацртан во стилот на Маорите, староседелците на оваа земја, и овие авиони претставуваат вистински одмор за очите.