Употребата на светли бои, интензивни дози на природно зеленило и широк спектар на завршни детали, може да создадат уникатен ентериер.
Без оглед на тоа на која група припаѓате, не може да се игнорира магнетската аура на станот João, кој е дело на студиото RSRG Arquitetos. Сместен во улица João Moura во Сао Паоло, овој прекрасен стан е реновиран, со цел да создаде интересен и урбан амбиент, кој е полн со карактер и индивидуални карактеристики.
Станот е поделен на два дела, при што во едниот се наоѓа голема дневна соба со простор за седење, работна соба, кујна и трпезарија, додека во вториот дел се наоѓа спална соба и бања.
Во срцето на дневната соба се наоѓа софа со силно црвена боја, опкружена со изобилство на зеленило, додека кујната има едно „средиште“ во тиркизни тонови кои додаваат уште повеќе енергија и бои во неутралниот ентериер.
Модерната и стилизирана полица за книги направена е од дрво, и совршено го нагласува ѕидот со отворени тули, кој е потенцираниот дел од оваа просторија. Големите прозорци овозможуваат природна светлина во секој агол од ентериерот.