Германската уметница Katharina Grosse, на необичен начин трансформирала напуштен објект на една њујоршка плажа.
За овој уметнички проект, потребен и бил само црвен спреј со кој сакала визуелно да ја истакне и нагласи важноста на оваа иконична зграда, која воедно е потсетник на катастрофалниот ураган Сенди што се случи во 2012 година на тоа подрачје, а од тогаш до денес никој не ја обновил.
Инаку, станува збор за проектот Rockaway!, кој го добил името по истоимениот полуостров, а кој моментно е во девастирана фаза. Овој уметнички проект во функција на инсталација ќе остане овде до 30 ноември оваа година.