Justo Gallero, попознат како Don Justo, со своите 85 години и со незавршено основно образование, гради катедрала во Мадрид повеќе од пола век.
Уште од 1963 година, Don Justo животот го посветува во изградба на оваа катедрала одејќи секое утро на своето градилиште. Неговиот објект достигна височина од скоро 40 метри, а за него нема, и веројатно нема ни да добие, градежна дозвола. Меѓутоа, тој смета дека неговата катедрала ќе остане сочувана, бидејќи веќе станала симбол на локалната заедница на ова мадридско предградие.
И покрај недостатокот на стручно познавање, Justo Gallero, кој основното образование го прекинал поради граѓанската војна во Шпанија, тврди дека сето знаење и сила доаѓа од вербата во Бога, кому ја посветил својата катедрала. Тој вели дека градбата нема да биде завршена за време на неговиот живот, и дека работи на плановите што ќе ги остави зад себе, пишува Thisiscolossal.
Без никакви вложени средства, катедралата се создава користејќи рециклирани материјали, тули и искршени плочки, a празните буриња од нафта се користат како оплата. Don Justo примерите за својот објект ги пронашол во катедралата Свети Петар во Ватикан, но и во Белата куќа, разни замоци и други мадридски цркви, пишува Би-би-си. Желбата на Don Justo е неговата катедрала да стане потполно функционален локален верски објект, но истакнува дека сè е „до небото“.