АДИНГ АД ја доби првата награда за општествена одговорност за претпријатијата во категоријата одговорен однос кон вработените за 2009 година на изборот организиран од Центарот за институционален развој (ЦИРА).
Наградата на АДИНГ АД му е доделена бидејќи бидејќи компанијата е одговорна кон државата, навреме и редовно ги плаќа даноците, и посебно кон вработените. Ним навреме им исплаќа личен доход, бонуси за посебни залагања, води грижа за нивна континуирана обука преку семинари, конгреси,симпозиуми, саеми,промоции и сл. Компанијата континуирано ги подобрува условите и опремата за работа, промовира таленти и нивните способности, се грижи за нивното здравје и безбедноста, има транспарентност во работењето, информирање за битни одлуки во компанијата, што значи има добри интерни и екстерни комуникации. Исто така се промовира доверба меѓу вработените, нема полова, расна, старосна, социјална или хендикепт дискриминација, се почитува законската регулатива во сите сегменти на работењето. За вработените има превоз и топол оброк, се помагаат социјалните категории вработени за посебни прилики (свадби, летувања, погреби, огрев, стипендии и сл.)
За општествено одговорна компанија во земјава гласаа членовите на комисијата составена од истакнати личности од невладиниот сектор, медиумите, бизнис секторот, естрадата, минатогодишните добитници и од ЦИРА, земајќи ги предвид активностите и проектите на компаниите во областа на општественото одговорно работење и нивниот придонес за заедницата.