Со намера да ги изненадат жителите на британскиот град Worthing, луѓето од дизајнерското студио ЕСЕ Аrchitecture, на нивната локална плажа поставиле атрактивен објект реализиран од огледала.
Во суштина, се работи за автентична куќичка, која инаку може да се најде на плажите, но којашто во изведба на ЕСЕ Аrchitecture доби еден освежувачки „twist“.
Благодарение на своите ѕидови и покрив од огледала, сите минувачи се привлечени од нејзините интересни и необични рефлексии.
Како што велат самите авторите на проектот, куќичката е одлична можност за „правење“ оригинален selfie, и токму поради тоа, овој објект ги „запали“ сите социјални мрежи и престижни списанија. „Ние сме среќни со позитивна реакција на луѓето и медиумите што ги следат дизајнерско-архитектонските проекти. Можеби проектот на плажа ќе се задржи многу подолго од планираното“, велат од ECE Аrchitecture.