Насловна / Вести / Јапонците дефинитивно прекинуваат со производство на VHS видеорекордери

Јапонците дефинитивно прекинуваат со производство на VHS видеорекордери

Јапонскиот производител на VHS рекордери Funai Electric објави дека кон крајот на овој месец, ќе престане да ги произведува овие апарати.

Посебно изненадување што потребата за производство на овие уреди со бавно премотување постоела се досега.vhs lenti
Како што пренесува јапонската web страница Nikkei, фирмата Funai е единствениот преостанат производител на VHS рекордери во светот. Работат за брендот Sanyo, а нивната фабрика се наоѓа во кина. Своите производи ги продаваат на американскиот и на други пазари.
Првиот видеорекордер Funai Electric е произведен во 1983 година, а лани продале дури 750.000 примероци. Податокот е прилично импресивен ако се има предвид дека живееме во доба на DVD плеери и се мисли дека видеорекордерите му припаѓаат на минатото.
Иако VHS касетите денес може сосема лесно да се најдат во јапонските продавници, одлуката за престанок на производството на овие уреди е донесена поради се помалиот интерес за нив и тешкотијата во пронаоѓање резервни делови.

Испрати коментар

Scroll To Top