Традиционалната новогодишна изложба „Мал формат графика 2013“ на Факултетот за ликовни уметности ќе биде отворена денеска во неговата галерија во „Сули-ан“. Секоја година изложбата ја организира Катедрата по графика при Факултетот со цел да се негува овој вид ликовно изразување и воедно стекнување неопходно професионално искуство на студентите за организирање и учество на изложби. Учествуваат студенти од сите студиски години на додипломските и постдипломските студии на сите катедри на ФЛУ.