Насловна / Архитектура / Crown of Miami: терминал за најголемите крузери во светот

Crown of Miami: терминал за најголемите крузери во светот

Мајами добива нов ориентир во форма на круна! Почеток на изградбата на овој мегаломански проект се очекува во почетокот на 2017 година, а пуштањето на терминалот во употреба се планира во 2018 година.мајами пристаниште (4)

Пристаништето Crown of Miami е претставено како нова порта на Мајами со соодветни услуги за најголемите крузери во светот, а е замислен да стане нова икона на брегот на Мајами. Проектот вреден 90 милиони евра, е дело на архитектонската фирма Broadway Malyan, и ова ќе биде првиот нивен голем проект на територија на Северна Америка.мајами пристаниште (3)

Освен фигуративното значење, терминалот Crown of Miami и со својата форма ќе го оправда своето име затоа што, гледано од вода, објектот ќе има силуета на круна. Гледано од исток и запад ќе се препознае формата на буквата „М“, што алудира на Мајами, пишува Archdaily.мајами пристаниште (2)

Покрај тоа што е привлечен со својот луксузен изглед, проектот на новиот терминал има и завиден еколошки аспект на градење. Енергетско ефикасни стаклени површини, како и системите за собирање на дождовница која ќе овозможува вода за тоалети и наводнување, се само некои од одржливите системи на овој терминал.мајами пристаниште (1)

Брзата изградба на објектот ќе бидат обезбедена со користење на префабрикувани челични рамки но и префабрикувани подни панели.

Архитектите истакнуваат дека, благодарение на новиот терминал, идните туристи и со стил ќе стапат на тлото на Мајами. Се разбира, оние со подлабок џеб…

Испрати коментар

Scroll To Top