Насловна / Вести / Хрватски еколошки проект во финалето за наградите RegioStars

Хрватски еколошки проект во финалето за наградите RegioStars

regionalni nagradi hrvatska1

Проектот на Прехрамбено – биотехнолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб е еден од финалистите за наградите RegioStars за 2016 година. Проектот „Примена на иновативни технологии во изолација на биоактивните соединенија од органски отпад во производството на вино“ влезе во најтесниот избор во категоријата „Одржлив развој: циркуларна економија“. Овој проект се кофинансира од средства на Европскиот фонд за регионален развој во рамките на Оперативната програма „Регионална конкурентност 2007-2013“.

Наградата RegioStars се доделува за најинспиративните и најиновативните регионални проекти во Европа кои се реализираат со поддршка на структурните фондови на Европската Унија, а победниците ќе бидат прогласени на 11 октомври 2016 во Брисел.

Листата со сите финалисти може да ја најдете на следниот линк: http://ec.europa.eu/regional_policy/en/regio-stars-awards/

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top